Купила облека на старо, па во џебот пронашла мало богатство- снимката ги вжешти мрежите (ВИДЕО)

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купила облека на старо, па во џебот пронашла мало богатство- снимката ги вжешти мрежите (ВИДЕО)

Таа објави видео од „винтиџ“ тексас здолниште, од брендот Холистер, кое ја освои со својот дезен и крој. Сепак, таа немала поим какво изненадување ја чека.

Здолниште полно со изненадувања

Имено, кога Никол посегнала во џебот, пронајде билет за филм, датиран на 18 јули 2004 година, за прикажувањето на филмот „Приказна за Пепелашка“.

Веднаш објави видео од своето откритие, кое брзо стана вирално и „собра“ повеќе од два милиони прегледи на TikTok, објавува Newsweek.

„Често ја посетувам таа продавница, а здолништето веднаш ме привлече. Доминира во карактеристичниот стил на Холистер од почетокот на 2000-тите, низок струк, светли бои и супер носталгичен изглед“, објасни таа.

Таа го виде стариот билет како „мало богатство“ и одлучи да го задржи, или поточно да го врами. Ќе му биде дадено почесно место покрај ДВД изданието на гореспоменатиот филм.

@misss2005 THIS LITERALLY JUST HAPPENED AND I’M FREAKING OUT #acinderellastory #chadmichaelmurray #hilaryduff ♬ Hear You Me - Jimmy Eat World

Реакциите не изостанаа

„Веќе бев воодушевена од здолништето, но кога го најдов билетот, почувствував посебна поврзаност. Тоа е мојот омилен филм“, додаде таа.

Реакциите на TikTok не изостанаа. Бројни гледачи, особено љубителите на стилот и културата од 2000-тите, беа воодушевени.

„Драго ми е што гледам колку луѓе го делат истото возбудување и изненадување како мене. Мислам дека тоа е затоа што ги сакаме носталгичните моменти што нè потсетуваат на посебен период и медиумите што нè обликуваа“, заклучи Никол.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата