Купила малечок порцелански сад од продавница за стари предмети- сите се згрозени од содржината (ВИДЕО)

18.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купила малечок порцелански сад од продавница за стари предмети- сите се згрозени од содржината (ВИДЕО)

Се надевала дека ќе најде нешто скапо внатре, но немала поим какво изненадување ја чека.

„О Боже, дали тоа е нечие...“

Таа објави видео на популарната платформа на кое возбудено го отвора садот со чекан, со коментар: „Можеби има пари внатре“. Сепак, следеше шок.

Внатре, таа пронајде кеса со сив прав и помислила дека е земја. Неколку секунди подоцна, таа била шокирана.

„О Боже... дали тоа е нечија пепел?“ извика таа во неверица, покривајќи го лицето со рацете.

Гледачите во шок

Видливо потресена, Аби призна дека глетката длабоко ја трогнала и дека речиси се расплакала.

„Зошто некој би го донирал ова?“ напиша таа во описот на видеото, предизвикувајќи лавина од коментари. Повеќето гледачи беа згрозени што некој би донирал пепел од починато лице во продавница за стари работи.

@flippedbyabby

Why would someone donate this…?

♬ original sound - Abby Askew

Необичниот случај предизвика поширока дискусија на социјалните медиуми за тоа колку често личните и емотивните приказни се кријат меѓу предметите во продавници за стари предмети - и колку е важно да се третираат со достоинство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата