Гиљермо се надеваше на бакшиш, но наместо тоа, пронашол шокантна порака, за која ја обвинува политиката на Доналд Трамп.
Кон крајот на својата смена на 21 март, тој услужувал еден пар. Откако си заминале, ја зел сметката и парите, но нашол нешто што длабоко го погодило.
Ортиз за KTLA изјавил дека на почетокот мислел дека сè оди добро и дека парот бил задоволен од неговата услуга – сè додека не им ја донел сметката. Додал дека нивниот говор на телото му дал навестување што мислат за него.
„Знаев дека нешто не е во ред“
„Начинот на кој ме гледаа... знаеш кога нешто не е во ред“, рекол Ортиз и ја открил пораката:
„Нема бакшиш за илегалец. Врати се во Мексико“, пишувало на ливчето.
„Дваесет минути откако си заминаа, ја отворив книшката со сметката и ја најдов пораката. Се почувствував ужасно“, раскажал тој.
„Ова никогаш претходно не ми се случило.“
Келнерот додал дека тој „воопшто не е Мексиканец“, туку Порториканец. Сепак, неговата сопруга е Мексиканка, и Ортиз изјавил дека верува оти „никој нема право да ги третира луѓето на таков начин“ поради нивната националност или етничко потекло.
Ситуацијата дополнително се влошила со тоа што гостите ја одбиле автоматската напомена од 18.5 отсто – што им било дозволено ако не се задоволни од услугата.
„Работам како келнер од 2014 година и вакво нешто никогаш не ми се случило“, рекол Ортиз.
За жал, парот веројатно нема да може да се идентификува, бидејќи си заминале пред пораката да биде откриена и платиле во готово.
Но, зошто некој би напишал таква порака на келнер кој само си ја врши работата?
„Веројатно ме видоа, знаеле дека сум Латиноамериканец, мислеле дека сум Мексиканец или илегалец, или којзнае што мислеле“, рекол тој.
„Ова се случува поради Трамп“
Поради актуелната политичка клима околу имиграцијата, Ортиз верува дека луѓето се чувствуваат послободни да прават вакви работи.
„Ова се случува поради сè што моментално се случува со претседателот Трамп. Мислам дека тоа е причината зошто луѓето се однесуваат вака“, изјавил Ортиз.
И покрај сè, Ортиз не дозволува ова да го скрши и е многу горд на својата работа и живот.
„Горд сум на тоа што го работам. Јас сум келнер; така ги издржувам своите деца, ја издржувам својата фамилија“, рекол.
За жал, ресторанот „Планет Холивуд“ каде што работел, засекогаш се затвора оваа сабота, што ќе го остави без работа, а непријатниот инцидент со гостите беше само уште еден удар за Ортиз, а пренесува Б92.