Тифани носеше долга светлосина свечена фустанка, а декорацијата беше исто така во таа боја, со што Тифани откри дека очекува машко дете.
На фотографијата на Инстаграм таа напишала и кога треба да се породи: „1 месец“, напиша во описот на фотографијата.
Доналд Трамп во октомври објави дека Тифани е бремена
Доналд Трамп ја најави првата бременост на својата ќерка на настан во Економскиот клуб во Детроит, во октомври 2024 година.
Додека држеше говор, Трамп спомена неколку луѓе од публиката, вклучувајќи го и таткото на зет му, д-р Масад Булос. „Тој е татко на Мајкл, а Мајкл е извонреден млад човек“, рече американскиот претседател. „А таа е извонредна млада жена. И таа ќе има бебе. Па, тоа е убаво“, порача тој - пренесува Индекс.
Тифани е четврто дете на Трамп и единствено кое го има со поранешната, втора сопруга Марла Мејплс. Јавноста често ја доживувала како несериозна, а на тоа влијаеле и изјавите на нејзиниот татко, кој рекол дека „е малку помалку горд на неа отколку на другите свои деца“.
Се омажи за четири години помлад милијардер
Пред две години се омажи за четири години помладиот милијардер Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот конгломерат Boulos Enterprises вреден повеќе милијарди долари, е роден во Либан, пораснал во Нигерија, а во САД се преселил откако ја запознал Тифани.
Парот започнал врска во 2018 година откако се запознале во клубот на Линдзи Лохан на Миконос, во Грција. Се вериле во јануари 2021 година, на крајот од претседателскиот мандат на нејзиниот татко. Булос ја запросил на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1.2 милиони долари.
Можеби ве интересира: Ќерката на Трамп дошла во Белград поради лекување?