Како Ал Капоне вовел рок на траење на млекото во Чикаго?

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како Ал Капоне вовел рок на траење на млекото во Чикаго?

Тој го контролирал криумчарењето и продажбата на алкохол за време на тн. прохибиција, па и коцкањето, проституцијата и другите нелегални работи во Чикаго и други градови. Тој е познат по својата бруталност и насилството, особено масакрот на 14 февруари 1929 година, кога шефот на мафијата наредил убиство на седуммина од соперничка банда. Сепак, во 1932. тој е осуден за неплаќање данок и минува неколку години в затвор, каде што претходна зараза со сифилис почнува да му ја уништува психата.

Сепак, според истржувачите на поновата американска историја, Капоне имал и некои позитивни влијанија врз општеството, како што пишува „Политика“ - иако, ненамерно. За време на Големата депресија, имено, мафијашот имал „углед на Робин Худ“ во Чикаго. Капоне ја отворил и првата народна кујна во градот, обезбедувајќи три оброци дневно за сиромашни поединци и семејства. Народните кујни така и станаа толку популарни... Но, тој е заслужен и за воведувањето датум и рок на траење на млекото.

Како почнало сѐ тоа? Братучедот на Ал Капоне бил голем обожавател на млеко, па еднаш испил расипано млеко и добил тешко труење. Ова го навело Капоне, како „влијателен граѓанин“ во својата заедница, да иницира идејата за поставување на датумот на производство и датумот на истекување на рокот на пакувањата млеко - за потрошувачите да бидат сигурни во квалитетот на млекото што го купуваат.

Така, Капоне купил, (а и поткупил) неколку млекарници во Чикаго и им наложил да ги означуваат своите производи со рок на истекување. Тој, исто така, платил за реклама за неговото млеко како „најдобро и најбезбедно“ на пазарот.

Неговата иницијатива привлекла внимание од јавноста и медиумите, коишто го поддржале неговиот предлог. Наскоро, и други млекарници и производители на храна почнале да користат датуми на истекување на нивните производи и пакувања, за да ја задоволат побарувачката на потрошувачите и заради подобра конкуренција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата