"Ген З“: Зошто тоа е генерацијата што ќе си замине од работа со едно трепнување, без разлика на платата?

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
"Ген З“: Зошто тоа е генерацијата што ќе си замине од работа со едно трепнување, без разлика на платата?

Имено, иднината ќе зависи токму од новите генерации, иако многумина веруваат дека „новите генерации се мрзливи“ и дека не’ очекуваат сè потешки времиња за живот и работа. Генерацијата Z, всушност, мисли спротивно, што го покажува и истражувањето на „Deloitte“ од 2021 година, каде што е докажано дека 75% од оваа генерација се подготвени да ја напуштат работата доколку почувствуваат дека таа претставува закана за нивното ментално здравје.

Ако досега не сте имале прилика да се запознаете со оваа генерација, најлесно ќе ги препознаете по начинот на комуникација. Тие користат зборови на англиски, нивниот речник содржи скратеници за „фала“, „нема на што“, како и многу други изрази. Најчесто се на телефон и одлично владеат со технологија, а често немаат ни потреба да пишуваат многу пораки – се разбираaт и преку емотикони.

Оваа генерација е иднината. Можеби многумина не се согласуваат со нивните навики или идеи, но факт е дека тие се продукт на „модерниот“ свет и општеството какво што го познаваме денес.

Истражувањето за оваа генерација дополнително ја поддржува темата, бидејќи нуди конкретни причини зошто еден припадник на оваа генерација би ја напуштил својата работа со добра плата „со едно трепнување“.

Според ова истражување, главната причина за ваквото однесување е тоа што оваа генерација не пораснала во стабилни услови – тие искусија пандемија, масовни отпуштања, „климатска анксиозност“ и „студентски долг“.

Можеби сето ова за луѓето кои преживеале војни, кризи и инфлации изгледа како дел од нормалниот свет, но за оваа генерација тоа се „хорор приказни“ во кои не сакаат да живеат – и затоа функционираат сосема поинаку.

Ги гледале своите родители како доживуваат „burnout“ (ментално и физичко исцрпување од премногу работа) и решиле дека тие така нема да живеат – без разлика кој ја води политиката или ги поставува правилата.

Нив им е исклучително важен добар баланс помеѓу работата и приватниот живот, и тоа јасно го истакнуваат дури и кога станува збор за платата – апсолутно нема да работат за „минималец“.

Дел од ова истражување е пренесено и на TikTok, каде што покрај податоците се нудат и совети за подобрување на менталното здравје на работа.

„Тие сакаат да ги водите онака како што тие сакаат. Нема да останат поради платата. Ќе останат ако имаат цел, заштита и пат напред.“

Совети од истражувањето

 

Бидете реални

Gen Z чувствува лажен лидер од километри. Ако почувствуваат нешто неискрено – веќе се на излезна врата. Кажете „не знам“ ако навистина не знаете. Признајте грешка – искреноста гради доверба и токму таа е причината зошто би останале.

Дајте приоритет на менталното здравје

Нормализирајте граници, почитувајте го нивното слободно време (надвор од работата). Не глорифицирајте „burnout“. Проверувајте како се чувствуваат секојдневно, не само кога ќе настане криза. Ако ви кажат дека „се дават од работа“ – верувајте им и преземете акција.

Покажете напредок и раст, не само цели

Gen Z не сака само да се пријави на работа и да се одјави кога ќе заврши. Тие сакаат да учат, да имаат ментор и да напредуваат. Доделете им проекти со реални проблеми за решавање. Развојот треба да е дел од работата, не нешто настрана.

Дајте им цел

Тие не сакаат само плата. Сакаат да знаат што треба да изградат и кому тоа ќе помогне. Целта не е избор – таа е двигателот.

Факт е дека Генерација Z може многу брзо да си замине од некое работно место, но исто така и многу брзо се прилагодува. Ако лидерот знае како да ги води – тие ќе дадат сè од себе. Но ако некој ги води на погрешен начин – ќе станат само уште една завршена приказна.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата