Татко успеал да го спаси четиригодишниот син од напад на пума: Ѕверот ќе биде неутрализиран

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко успеал да го спаси четиригодишниот син од напад на пума: Ѕверот ќе биде неутрализиран

Детето, по повикот од таткото,  било префрлено со хеликоптер во трауматолошки центар во Сиетл на лекување по нападот, кој се случил во неделата, објави денеска Њујорк Пост.

Нападот од пумата, која била опремена со трагачка јака, се случил во близина на набљудувалиштето Hurricane Ridge и бил пријавен кај чуварите околу 15:15 часот во недела, според службата за паркови.

Чуварите веднаш почнале да ја бараат пумата, а персоналот на паркот изјавил во понеделник дека „го пронашле животното“, термин што генерално се однесува на убивање животно.

„Во моментов нема закана за јавноста“, се вели во соопштението.

Медицинскиот центар Харборвју соопштил дека детето е во задоволителна состојба и е отпуштено дома. Службениците рекле дека нема да објават никакви информации за детето, за да го заштитат неговиот идентитет.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата