Драма над Австрија: Авион искина параглајдер, жената-пилот се бори за живот (ВИДЕО)

25.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма над Австрија: Авион искина параглајдер, жената-пилот се бори за живот (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во сабота, 23 мај, во близина на градот Пицендорф, недалеку од Цел ам Зе во австриската покраина Пинцгау, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

44-годишната пилотка на параглајдер од Горна Австрија полетала од планината Шмитенхе, популарна кај параглајдерите, и летала кон Пицендорф кога, според истрагата, авионот ѝ се приближил одзади и се судрил со параглајдерот над планинскиот дом Пинцгауер Хите.

Снимката, снимена од камерата на параглајдерот, го покажува авионот како минува директно над неа, по што платното се откинало. Потоа параглајдерот почнува неконтролирано да се врти додека пилотката се обидува да ја врати контролата.

ЗАБЕЛЕШКА: ВИДЕОТО МОЖЕ ДА БИДЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Жената - пилот успеала да го отвори резервниот падобран и да слета на шумски пат. Таа се здобила со модринки и полесни повреди, но избегнала сериозни последици, според австриските медиуми. Како што може да се види на видеото, од моментот на судирот со авионот до слетувањето поминале помалку од две минути.

Пилотот на авионот, 28-годишен маж од Тирол, бил на панорамски лет од областа Глемтал до Цел ам Зе. По судирот, тој безбедно слета на аеродромот Цел ам Зе.

Според полицијата, пилотот рекол дека не можел да го избегне параглајдерот пред судирот.

Видео подоцна објавено од самата пилотка покажува колку брзо се развила ситуацијата. По ударот, таа се обидува да го стабилизира параглајдерот и да го распореди резервниот падобран додека оштетеното платно се врти околу неа.

Аеродромот Цел ам Зе главно опслужува лесен воздушен сообраќај, додека околните планини се познати по параглајдинг и други воздушни спортови.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата