„Досадно ми е“ – Реченица што ги загрижува родителите, а има друго значење

18.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Досадно ми е“ – Реченица што ги загрижува родителите, а има друго значење

 Понекогаш тоа „нешто“ е екран, понекогаш е слободна активност, понекогаш некој мора да седи до него, а понекогаш само вели дека му е здодевно и очекува мајката или некој друг да организира нешто. Многу родители денес ова ги загрижува.

Голем број родители, но и наставници, психолози, образовни рехабилитатори, социјални работници и детски психијатри забележуваат дека денешните деца послабо ја поднесуваат досадата во однос на претходните генерации. Тоа не мора да значи дека се поразгалени, туку едноставно пораснале во сосема поинаков свет.

Децата денес бараат постојана забава

Досадата некогаш беше нормален дел од детството. Не затоа што родителите не се трудеа, туку затоа што не можеа постојано да организираат содржини. Децата чекаа автобус без мобилни телефони. Патуваа половина час до час без слушалки. Учеа да си играат сами затоа што немаше секогаш кој да си игра со нив. Немаа постојан пристап до стимулација.

Мозокот што расте во такви услови учи сам да создава своја содржина. Мозокот што расте со постојана стимулација не мора да го учи тоа, затоа што сè му е сервирано.

Мозокот се навикнува на брзи стимуланси

Во бројна литература се наведува дека мозокот на детето е исклучително чувствителен на моделот награда и казна, а особено на награда. Допаминскиот систем реагира посилно во детството отколку во зрелоста. Овој систем ја регулира мотивацијата, интересот за нешто и чувството на задоволство.

Кога детето често прима брзи и интензивни стимуланси (побуди), преку кратки видеа, постојани активности и постојано достапна забава, неговиот мозок се навикнува на повисоко ниво на стимулација. Овој процес во невронаучните истражувања дава објаснување за развојот на вниманието и мотивацијата кај децата.

Чекањето, од друга страна, денес е едно од најтешките нешта за детскиот мозок. Родителите често го забележуваат ова кога детето вели: „Не знам што да правам, здодевно ми е“. Таа реченица звучи безопасно. Можеби звучи како притисок врз родителите да смислат некои активности. Но, всушност значи дека детето сè уште не развило способност самостојно да смислува активности. Тоа е креативност, а креативноста се развива.

Родителите несвесно ја пополнуваат секоја празнина

Родителите се обидуваат да ја спречат досадата и мислат дека така му помагаат на своето дете. Тие организираат различни активности, смислуваат различни идеи обидувајќи се да го пополнат времето на своето дете. Родителите го прават тоа со најдобри намери, но досадата е токму она што понекогаш му треба на детето. Мозокот се развива во тој период помеѓу активностите. Досадата е период кога детето почнува да размислува и игра важна улога во развој на креативноста.

Постојат низа студии кои покажуваат дека неструктурираното време го стимулира развојот на извршните функции на мозокот, како што се планирање, саморегулација и креативност. Ова се функции кои подоцна се важни во учењето, емоционалната стабилност и отпорноста на стрес. Во овој простор, децата експериментираат со идеи, измислуваат игри, се откажуваат, и сето ова е развоен процес.

Децата кои не чекаат тешко поднесуваат фрустрација

Наставниците често први ја забележуваат разликата помеѓу деца што можат да толерираат досада и оние што не можат. Децата што не ја поднесуваат досадата, често имаат тешкотии да чекаат во ред, да завршуваат задачи што не им се интересни и да ја толерираат фрустрацијата. Нивниот нервен систем немал доволно можности да вежба трпение. А, трпението се вежба.

Во литературата често наоѓаме информации дека децата денес имаат пократок распон на внимание отколку порано. И тоа е вистина. Децата денес можат да имаат долг распон на внимание за работи што им се интересни. Проблем е да се насочи вниманието на некоја активност што не им е интересна и што не нуди награда веднаш. Ова го потврдуваат современите истражувања за вниманието во детството. Мозокот се прилагодува на околината во која расте. Ако околината е динамична, мозокот станува брз. Ако околината е бавна, мозокот учи да ја толерира таа бавност. Мозокот работи како што е трениран.

Премногу активност може да биде проблем

Денешните деца живеат во време кога речиси нема празнина помеѓу стимулите. Ако им е здодевно, вклучуваат игра, видео на мобилен телефон или нешто друго. Ако нешто не е интересно, постои алтернативна опција. Постојат многу опции и мозокот го памети тоа. И потоа го очекува истото.

Внатрешната мотивација не доаѓа однадвор

Внатрешна мотивација се јавува кога детето прави нешто затоа што сака. Надворешна мотивација се јавува кога детето прави нешто затоа што добива награда. Ако детето постојано добива содржина однадвор, тоа е награда.

Една од причините зошто родителите денес ги загрижува досадата кај децата е затоа што мислат оти тоа е проблем. Ако на детето му е здодевно, тие мислат дека можеби не е доволно стимулирано, дека нешто му недостасува. И мислат дека треба да им дадат нешто или, на пример, да го запишат на друга активност. Ова изгледа како логичен заклучок. Но, иако звучи логично, не е секогаш точно.

Децата денес речиси никогаш не чекаат

Постои забелешка дека децата кои имаат најзафатени распореди често најтешко го поднесуваат непополнетото време. Кога оваа структура исчезнува, исчезнува и нивното чувство на сигурност.

Во школската медицина често се гледа колку осетлив е процесот на развој на внимание. Родителите понекогаш очекуваат детето природно да знае како да се концентрира, да чека во ред или да заврши задача што не му е интересна. Но, овие способности не се вродени. Тие се развиваат постепено преку искуство. Едно од најважните искуства во овој процес е чекањето. Ова чекање го обликува нервниот систем.

Денес се чека помалку од некогаш. Децата не чекаат ни лифт без содржина, не чекаат ни автобус без содржина, не ги чекаат ни родителите да завршат нешто без содржина, не чекаат храна во ресторан без содржина и често јадат пред екран. Секогаш има нешто што ја пополнува таа празнина. Мозокот се сеќава на тој образец, а она што го памети, го очекува.

Детските психијатри, често нагласуваат една важна работа: способноста да ја поднесуваат  фрустрацијата не се развива со задоволство, туку преку искуството понекогаш да се одложи задоволството. Ова е основа на емоционалната регулација подоцна во животот. Децата кои имаат можност да доживеат фрустрација во безбедна околина развиваат поголема отпорност на стрес.

Досадата не е знак на лошо воспитување

Секако, важно е да се разликува досадата од занемарувањето. Дете на кое постојано му е досадно затоа што нема поддршка од возрасните не е во иста ситуација како детето кое расте во стабилна средина, но повремено му недостасува некоја организирана активност. Ова се сосема различни работи. Тука треба да се разбере уште една важна разлика: на децата не им е потребна постојана анимација, но потребно е да знаат дека имаат достапна возрасна личност.

Едно истражување покажува дека децата што имаат повеќе неструктурирано време развиваат поголема способност за самостојно носење одлуки и планирање активности.

Досадата не е знак дека родителот прави нешто погрешно, туку прилика децата сами да откријат што всушност ги интересира.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата