Согласноста на земјите од Јапонија и Саудиска Арабија до Фиџи на разговорите на ОН за климата во Бон доаѓа и покрај големите намалувања на другите агенции на ОН, делумно поради намалувањето на придонесите од страна на САД и политичкиот отпор кон амбициозните климатски политики во европските земји.
Земјите постигнаа договор за основниот буџет од 81,5 милиони евра за Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) за периодот 2026-2027 година, што е за 10 проценти повеќе отколку во 2024-2025 година.
Основниот буџет се финансира од владини придонеси.
Договорот вклучува зголемување на придонесот на Кина, што го одразува економскиот раст на земјата. Кина, втората најголема економија во светот, ќе покрие 20 проценти од новиот буџет, во споредба со 15 проценти од буџетот за претходниот период.
Само САД, најголемата економија во светот, доби поголем дел, во износ од 22 проценти.
Меѓутоа, претседателот Доналд Трамп се повлече од Парискиот договор за климата и го суспендираше меѓународното финансирање за борба против климатските промени.
„Блумберг филантропис“ вети дека ќе го покрие придонесот на САД во буџетот на UNFCCC.
САД не учествуваа во овие преговори во Бон.
Извршниот секретар на UNFCCC, Сајмон Стиел, го поздрави зголемувањето на буџетот како „јасен знак дека владите продолжуваат да ја сметаат соработката во борбата против климатските промени под покровителство на ОН за клучна, дури и во тешки времиња“.
UNFCCC спроведува годишни преговори за климата меѓу земјите и помага во спроведувањето на договорите, вклучително и Парискиот договор од 2015 година, кој ги обврза речиси сите земји во светот да го ограничат глобалното затоплување.