Оваа практика нема да биде укината ниту оваа година.
Преминот на зимско сметање на времето за 2025 година, кога часовниците ќе се вратат еден час назад, ќе се случи во недела, на 26 октомври.
Иако со години има контроверзии околу укинувањето на промената, јасно е дека тоа нема да се случи ниту оваа година, и дека часовниците повторно ќе бидат вратени назад, како што се случува секоја година.
Европската комисија (ЕК) објави дека ќе започне нова студија за укинувањето на одлуката за полугодишна промена на часовникот, откако една земја-членка официјално побара дополнителна анализа на прашањето, пренесува Танјуг.
Се очекува студијата да започне во 2025 година, а прелиминарните резултати да бидат најрано во 2026 година, со цел да се разгледа можноста за продолжување на законодавниот процес кој е во застој од 2019 година, рече Цицикостас во писмен одговор на прашање од член на Европскиот парламент.
Европскиот парламент усвои предлог за укинување на промената на часовникот во 2019 година, но директивата не стапи во сила поради недостаток на консензус меѓу земјите-членки, особено за тоа дали е потребно трајно да се остане на летно или зимско сметање на времето.