Ишан, познат на TikTok како ishxn.a, реши да провери урбана легенда - дали е можно да се пржи јајца на сонце?!
Открил дека температурата во Лондон е околу 33 степени Целзиусови, што го поттикнало да го стори ова, објавува Mirror.
Како што објаснил, истурил малку масло во тава, потоа го скршил јајцето со едната рака и го оставил на отворено, надевајќи се дека сонцето ќе го направи останатото.
Експериментот не успеал
По првиот час, тврди тој, забележал дека жолчката навидум „пукнала“, но немало големи промени, па го продолжил експериментот уште 60 минути.
Два часа подоцна, јајцето изгледало прилично лошо, но сè уште имало слаб знак дека белката се „извиткала“, што му дало надеж да продолжи со експериментот.
Сепак, по три часа на сонце, резултатот беше разочарувачки - јајцето остана воденесто, а жолчката беше далеку од испржена. Ишан призна дека „експериментот се покажа како катастрофа“, но додаде дека било забавно да се испроба идејата.
@ishxn.a Can I fry an egg using ONLY the sun during a UK heatwave?! Lets find out! 🥵☀️🇬🇧- #fyp #foryou #viral #heatwave #uk #london #ukheatwave #challenge #creatorsearchinsights #egg ♬ Old Disney Swing Jazz - Nico
„Пробајте на хауба“
Неговото видео привлече многу коментари, а некои го советуваа младиот човек следниот пат да го „стави јајцето на хаубата на автомобилот“.
Пржењето јајца бара температура од околу 70 степени Целзиусови, и додека тротоарите и некои површини на автомобилите можат да се загреат во лето, тие ретко ја достигнуваат гореспоменатата бројка.