ПЕКАРКА ОТРУЛА ПОЛА МАФИЈА, им се одмаздила и сама се пријавила во полиција

24. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕКАРКА ОТРУЛА ПОЛА МАФИЈА, им се одмаздила и сама се пријавила во полиција

Продавач на храна, пекарка од Кенскоф, Хаити, која изгубила членови на семејството поради насилна банда се одмаздил така што отрула 40 членови на бандата со затруена храна, пишува GDN online.

Жената, чиј идентитет останува неоткриен за да се заштити нејзиниот живот, заработува за живот продавајќи пити - локална верзија на емпанадас или тесто полнето со разни состојки. Според извештаите, нејзините блиски роднини биле брутално убиени од членови на банда која ја презела контролата врз нејзиното соседство, јужно од Порт-о-Пренс, објави „Израелхајом“.

Жената, која е специјализирана за правење колачи, им понудила на десетици членови на бандата бесплатни емпанади како гест на благодарност за „заштитата на нејзиното соседство“. Сепак, тоа бел нејзин итар план за одмазда против оние кои убија неколку членови на нејзиното семејство.

Секој што ги јадел емпанадите почнал да доживува конвулзии (медицинска состојба во која мускулите на телото се грчат и се опуштаат брзо и последователно, предизвикувајќи телото да се тресе неконтролирано) и се обиделе да стигнат до болница.

Сепак, според извештајот на „De Último Minuto“, секое лице кое консумирало емпанади починало на пат кон болница или додека чекало да добие помош.

Подоцна беше објавено дека членовите на бандата го откриле идентитетот на жената и се одмаздиле така што ја запалиле нејзината куќа. Сепак, жената се предала на полицијата и моментално е под нивна заштита.

Таа го призна злосторството, наведувајќи дека нејзиниот мотив била одмазда за убиството на нејзини роднини. Сè уште не е јасно дали ќе се соочи со обвиненија, според Израелхајом.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата