Фото: Милијардерот Џеф Безос со девојката Лорен Санчез фотографиран на јахта во Хрватска

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Милијардерот Џеф Безос со девојката Лорен Санчез фотографиран на јахта во Хрватска

Додека се приближува свадбата што многумина веќе ја нарекуваат „свадба на векот“, милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез решија последните денови пред да го кажат своето судбоносно „Да“ да ги поминат во Хрватска.

Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна со својата свршеница на хрватскиот брег на почетокот на јуни. Нивните луксузни јахти, „Кору“ и придружниот брод, „Абеона“, се фотографирани во марината Каштела.

Џеф и Лорен се качиле на бродот на 10 јуни, а потоа нивното патување ги одвело до островот Хвар, каде што се закотвиле во близина на Стари Град.

Вечерта ја поминале во еден од ексклузивните ресторани таму, а веќе следниот ден продолжиле кон уште еден хрватски остров, мегапопуларната Корчула.

За време на патувањето, Безос и Санчез не ги криеја своите емоции - беа видени како разменуваат нежни зборови на палубата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата