Видео: Кид Рок гостин во Белата куќа

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Кид Рок гостин во Белата куќа

Музичарот вчера беше гостин во Овалната соба, додека претседателот на САД, Доналд Трамп ја потпишуваше извршната наредба за којашто вели дека ќе помогне да се спречи препродавањето билети за музички настани, како и за „разумни“ промени во цените на настапите во живо. За таа прилика, Кид Рок се појави во американска патриотска облека: светкава црвена јакна со американско знаме и крилја на бел орел - националната птица на САД, а панталоните и капата во ист тон - црвени со сино-бели линии испреплетени со ѕвезди.

- Секој што купил влезница за концерт во последните 10 или можеби 20 години - без разлика на политичките убедувања, знае дека тоа е вистински хаос, рече Кид Рок.

Инаку, интерес предизвика и тоа како Трамп постојано му се обраќа со „Боб“ при посетата. Иако на јавноста ѝ е познат по неговото уметничко име, неговите блиски пријатели (покрај најверните обожаватели) знаат дека вистинското име на Кид Рок му е Роберт Џејмс Ричи - а „Боб“ е вообичаен американски прекар за Роберт. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата