Музичката и актерската ѕвезда сподели серија фотографии со своите обожаватели од прославата во Анталија, Турција, а онаа на која позира без грам шминка привлече посебно внимание.
Џеј Ло објави селфи одблизу пред огледалото, покажувајќи го своето лице без шминка. Со малку разбушавена коса, украсени нокти, пејачката позираше во едноставна сино-бела пругаста кошула. „Каков подарок си за мене! Ти благодарам многу за сите прекрасни желби за роденден“, напиша Лопез покрај објавата, заблагодарувајќи им се на своите следбеници.
Фотографијата на која позира без шминка го привлече вниманието на обожавателите, а многумина го пофалија нејзиниот гест во коментарите.
„Среќен роденден, кралице“, „Безвременска убавице“ и „Вистинска инспирација си“, напишаа обожавателите.
За вечерната забава, која следеше по нејзиниот настап во Анталија, Лопез се трансформираше во гламурозна дива. Таа блескаше во блескав сребрен фустан со длабоко деколте и многу отворен грб. Во видеото што го сподели, таа танцува околу џиновска торта за роденден на песната Everyday Is My Birthday од Futuristica. Нејзината препознатлива шминка, со техника „smokey eye“ и сјајни усни, го комплетираше изгледот.