Видео: Џеј Ло во фармерки кои што ги носела пред 25 години

26.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Џеј Ло во фармерки кои што ги носела пред 25 години

На сите им е јасно дека Џенифер Лопез изгледа одлично, но фактот дека парчето облека што го носела пред 25 години сè уште ѝ стои совршено  (а можеби и подобро) е навистина фасцинантен.

Латино дивата привлече големо внимание на социјалните мрежи кога покажа дека сè уште може да ги носи истите фармерки од нејзиното видео од 2001 година за „Ain't It Funny“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Станува збор за уникатен модел на брендот Versace, кој сè уште ги воодушевува жените денес.

Фармерките се со низок струк (а сведоци сме на времето на нивното враќање на модната сцена), имаат врвки наместо процепи и од страните, а се чини дека Џенифер е позатегната и има поимпресивни стомачни мускули отколку во видеото.

Во спотот, таа носи црна маица со прерамки, додека сега на себе има бел топ со ролка и покажа колку е секси.

Јавноста сега се прашува како е ова можно?

Можно е, бидејќи таа тренира речиси секој ден за да биде во врвна форма дури и во шестата деценија, а тоа е само дел од нејзината строга рутина, и за неа и за нејзината фигура, како и за добрата стара изрека дека „старее како вино“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата