Премиерата на филмот е закажана за 27-ми јуни оваа година. Во филмот Пит игра искусен Формула 1 возач кој и покрај годините сепак успева да освојува подиуми. Сепак, на патеката го мачи млад, љубоморен ривал.
Покрај него, важна улога игра и женски лик, кој го толкува ирската актерка Кери Кондон. Нивната страсна сцена со бакнеж во лифтот веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. „Ух, што ќе биде ова“, „Причината поради која ќе гледам“, „Ајде да ја започнеме трката се некои од коментарите што се појавија на „Х“.
Да потсетиме дека Бред неодамна го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателите ширум светот. На промотивната фотографија за истиот филм, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.
На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на градите и рацете му се видливи низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, а не се дел од неговата филмска улога. Бред почнал да се тетовира за време на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.
Извор: Индекс