Познат е тестаментот на Џин Хекман- 80 милиони долари на сопругата, ништо на децата

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат е тестаментот на Џин Хекман- 80 милиони долари на сопругата, ништо на децата

Според Дејли Мејл, оскаровецот Хекмен ѝ го оставил своето богатство, проценето на 80 милиони долари, на Бетси. Сè уште не е познато дали неговите деца - синот Кристофер Ален и ќерките Лесли Ен и Елизабет Жан - наследиле нешто.

Следува борба за наследство?

Потенцијалното исклучување на неговите деца од тестаментот (со кои не бил секогаш во добри односи) може да значи голема борба околу наследството. „Да умреше прво, а Бетси преживеаше, тоа ќе беше Трета светска војна. Неговите деца веројатно ќе полудеа“, изјави еден адвокат за Дејли Меил.

Хекман наводно ја потпишал најновата верзија на својот тестамент на 7 јуни 2005 година. Што се однесува до Бетси, се дознава дека таа го оставила својот имот на фондација, која би требало да ги дистрибуира меѓу добротворни организации. Според написите, дел од средствата треба да одат и за подмирување на медицинските долгови.

Кучето доведе брза помош до телото

Да потсетиме, кучето на Џин Хекман помогна да ја доведе брзата помош до телото на актерот. Беар и Никита, двете преживеани кучиња кои Хекман ги делеше со неговата сопруга Бетси Аракава, талкале низ имотот на парот во Санта Фе со денови пред да пристигне помошта. Задната врата била отворена, дозволувајќи им на кучињата да влезат и да излезат од куќата. Итните работници го следеле кучето, што ги одвело до телото на актерот.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза неодамна откри дека истрагата ќе остане активна додека не се решат сите отворени прашања во случајот. „Ова го сметаме за отворена истрага додека не ги затвориме дупките во врска со мобилните телефони, додека не ги завршиме резултатите од обдукцијата на кучето и други недовршени работи што треба да ги решиме“, рече Мендоза.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата