Судењето на Ендрју Тејт во Британија поради сексуално злоставување е одложено за 2026 година

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судењето на Ендрју Тејт во Британија поради сексуално злоставување е одложено за 2026 година

Судењето е преместено за јуни 2026 година, иако првично требаше да започне на почетокот на 2027 година. Тејт не присуствуваше на краткото рочиште и не беше должен да го стори тоа, пренесе Ројтерс.

Ендрју Тејт, интернет личност и самопрогласен мизогинист, ќе се соочи со судење во Британија следната година поради граѓански тужби од четири жени за наводно физичко и сексуално насилство, откако случајот беше придвижен напред во средата.

Можеби ќе ве интересира: Ендру Тејт објави бизарно видео по излегувањето од затвор: „Имам вистински планови“

Четирите тужителки, чии идентитети се заштитени, тврдат дека Тејт ги подложил на физичко или сексуално насилство во периодот од 2013 до 2015 година. Две од нив велат дека биле во интимна врска со Тејт, додека другите две работеле за неговиот онлајн бизнис со веб-камери.

Можаби ќе ве интересира: Браќата Тејт од Британија ги чека доживотен затвор во нивната земја, сакаат да останат во Романија 

Адвокатите на жените наведуваат во судските поднесоци дека една жена била заканувана со пиштол додека Тејт ѝ рекол: „Ќе правиш како што ти велам или ќе платиш жестоко“, а друга тврди дека ја давел сè додека не изгубила свест за време на сексуален однос.

Тејт (38) ги негира обвинувањата, а неговите адвокати во писмената одбрана тврдат дека обвиненијата се лажни и дека сета сексуална активност била со взаемна согласност.

Можеби ќе ве интересира: Ендру Тејт се потсмева со патниците кои загинаа во несреќа на подморница?

За време на подготвително рочиште во Високиот суд во Лондон во средата, судењето беше преместено за јуни 2026 година, откако претходно било закажано за почетокот на 2027 година.

„Не е во ничиј интерес овој случај да се одложува до 2027 година,“ изјави судијката Кристина Ламберт.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата