Пред филмската премиера Бред му се приближи на Том Круз за да го поздрави, а потоа силно го прегрна пред да позираат заедно пред фотографите.
Нивната пријателска средба ги воодушеви присутните фанови и медиуми, а многумина коментираа дека токму вака изгледа едно долгогодишно пријателство.
„Вака изгледа пријателство кое трае децении“, напишаа обожавателите на социјалните мрежи.
За оваа пригода, 61 годишниот Бред Пит, со нова фризура што претходно предизвика воодушевување кај обожавателите, носеше зелено дворедно одело и впечатливи портокалови очила за сонце. Од друга страна пак една година повозрасниот Том Круз се појави во темно сиво одело и со препознатливи авијатичарски очила.
Инаку, Пит и Круз глумеа заедно во филмот „Интервју со вампирот“ во режија на Нил Џордан, кој беше објавен во 1994 година.
Новиот филмски хит „Ф1“ е режиран од Џозеф Косински, а продуциран од Џери Бракхајмер - истиот тим што работеше на блокбастерот на Круз од 2022 година, „Топ Ган: Маверик“.