Славната актерка, зборуваше за позната сцена од филмот „Ниски страсти“ од 1992 година, во кој го играше ликот на Кетрин Трамел, криминалистичка писателка и сериски убиец. Нејзиниот лик во филмот го истражуваше детективот Ник Куран, кој го играше Мајкл Даглас.
Сцената поради која Шерон стана секс симбол и доживеа светска слава, се случува во полициска станица кога убавата Кетрин облечена во мини здолниште ги прекрстува нозете и покажува дека не носи долна облека. Актерката претходно тврдеше дека оваа сцена е причината зошто го изгубила старателството над својот син.
Во интервју за „Бизнис инсајдер“, таа објасни зошто не побарала сцената да биде избришана од филмот, иако, како што вели, имала право на тоа.
- Цврсто верувам дека никој од нас не знаеше во што се впушта кога стануваше збор за оваа сцена, а кога Пол ја доби, не сакаше да ја изгуби и се плашеше да ми ја покаже. Го разбирам тоа. Кога се смирив, не го присилив да ја избрише од филмот, иако имав законско право да го сторам тоа - рече таа.
Таа истакна дека времето ѝ помогнало да разбере како таа конкретна сцена го подобрила филмот и додаде дека е во добри односи со режисерот Пол Верховен и дека повторно би соработувала со него.
- Иако јавно зборуваме различно за ова, многу добро разбираме што се случило во врска со сцената каде што го покажувам мојот меѓуножје - рече таа.