Шакира итно хоспитализирана

17.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шакира итно хоспитализирана

Како што објави на своите социјални мрежи, таа е пренесена во болница поради силни стомачни болки.

- Жал ми е што ве известувам дека синоќа морав да одам на Итна помош поради болки во стомакот и моментално сум во болница. Докторите кои ме лекуваат ми рекоа дека вечерва не сум во можност да го одржам концертот – напишала Шакира на својата инстаграм сторија.

Пејачката изрази надеж дека наскоро ќе оздрави и дека лекарите што поскоро ќе ја пуштат од болница за да може да ја продолжи турнејата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата