Мексиканската ѕвезда верува дека е време за промени и повеќе можности за актерките од сите генерации.
Да се биде жена во Холивуд
Салма Хајек отсекогаш била отворена за дискриминацијата што ја доживеала во Холивуд - без разлика дали поради нејзиното потекло, пол или возраст. Актерките, особено оние над 40 години, често се соочуваат со ограничен избор на улоги, додека машките колеги на иста возраст продолжуваат да играат романтични херои и главни улоги.
„Бев „таа секси девојка“, но фала му на Бога, годините ми дадоа можност да истражувам нови територии. „Сепак, сè уште сум привлечна и гордо го прифаќам тоа“, изјави Хајек во интервју за „Marie Claire“.
Глас за промени во индустријата
Хајек ја користи својата платформа за да ги истакне неправдите кон жените во забавната индустрија и да се бори за поголема различност во филмските наративи. Во интервју за „Гардијан“ во 2020 година, таа се присети на раните денови од нејзината кариера и на стравот да не биде отфрлена додека старее.
„Кога бев помлада, ги гледав постарите актерки и мислев: „Нема шанси да преживеам во оваа индустрија бидејќи тие ќе престанат да ми даваат улоги“. Среќна сум што се уште сум тука“.
Таа верува дека промената треба да дојде од внатре - од продуценти, режисери и сценаристи кои ќе сакаат да ги прикажат жените во различни фази од нивниот живот на автентичен начин.
Мажите остануваат, жените исчезнуваат
Во интервју за People во 2017 година, Хајек укажа на двојните стандарди кои преовладуваат во Холивуд: „На мажите им е дозволено да стареат и сепак да играат романтични улоги. Жените се отфрлени. Тоа е неправедно, но тоа е реалност. Се борам за повеќе улоги за жени над 40 години“.
Таа истакнува дека ова не е само холивудско прашање, туку и на општеството во целина, каде постарите жени често се маргинализирани, додека на мажите се уште им се даваат бројни можности, како во кариерата, така и во животот.
Сексипилот не познава години
Освен што се бори за повеќе улоги, Хајек не крие дека ужива во својата женственост и не дозволува нејзината возраст да ѝ диктира како треба да се чувствува.
"Луѓето мислат дека кога жената ќе помине одредена возраст, таа мора да се пензионира и да престане да биде привлечна. Го отфрлам тоа. Се уште се чувствувам секси и нема да се извинувам за тоа", рекла таа.
Нејзиното појавување на црвените килими, модните ревии и социјалните мрежи често предизвикува ентузијазам, бидејќи покажува дека жената може да биде самоуверена, успешна и посакувана на која било возраст.
Ново поглавје за актерките од сите генерации
Салма Хајек е пример за истрајност и борба за еднаквост во филмската индустрија. Нејзината кариера докажува дека талентот и харизмата не познаваат години и дека актерките можат да бидат подеднакво моќни и релевантни без разлика на возраста. Нејзината борба против староста ги отвора вратите за новите генерации и ги менува перцепциите за тоа што значи да се биде жена во Холивуд.
Холивуд е индустрија која се менува, но има уште долг пат да помине. Хајек е глас кој не се откажува, потсетувајќи нè дека жените не се „потрошна роба“ и дека нивната вредност не опаѓа со возраста, туку расте со искуството, мудроста и силата што ги носи времето.