Но, сето ова станува малку чудно кога туѓите животи се следат преку објави на реални тинејџери на социјалните мрежи. Сезоната на матурски прослави повторно ги отвори расправиите на Интернет кои често ги преминуваат границите на добриот вкус.
Матурските прослави станаа онлајн спектакл
Купувањето фустани, спремањето и фотографирањето со придружба кај многумина буди носталгија. Тоа е прилика да се сетиме на сопствената матура, да се пожалиме на тогашната модна комбинација и да се запрашаме колку поинакви би биле денес.
Тикток, особено, поради својата опуштена и интимна форма, создаде ситуација во која комплетни странци без пардон го коментираат изгледот на тинејџерите за време на сезоната на матурски прослави. Поради желбата за вирална содржина, коментарите често се претвораат во навреди прикриени со хумор.
Особено загрижува фактот што најгласни критичари честопати не се нивни врсници, туку возрасни лица.
Променета е и естетиката на матурските вечери
Делумно причината лежи во променетата естетика на самите матурски забави. Популарноста на модните комбинации од минатото и сè поголемениот акцент на удобноста во последниве години доведоа до лежерен пристап во облекувањето.
Многу тинејџери денес избираат фустани што би можеле да ги носат и на други поформални настани, наместо класичните, раскошни матурски фустани. Затоа на социјалните мрежи често се појавуваат коментари дека некои фустани „изгледаат повеќе како облека за појадок отколку како облека за матура“.
Но, личниот стил е тоа што ја прави модата интересна. Никој не треба слепо да ги следи трендовите само затоа што сите други ги следат.
Критиките честопати стануваат многу посериозни
Проблемот не е само кај коментарите за модата. Критиките на социјалните медиуми честопати ја преминуваат границата и стануваат навредливи пораки. Ваквите коментари покажуваат колку луѓето немаат задршка при јавното анализирање на туѓите животи, дури и кога станува збор за млади луѓе кои само сакаат да споделат важен момент.
Вистина е дека некои тинејџери бараат совети или мислења на интернет околу облеката за матура. Но, дури и тогаш, добиваат несоодветни коментари за нивниот изглед и тело.
Не е реткост да се видат и возрасни лица кои ги советуваат девојките за корсети, долна облека за обликување на телото или коментираат кои кроеви „не одговараат на нивниот тип на тело“.
Како што истакнува Cosmopolitan, повеќето тинејџери само учествуваат во дигиталниот свет создаден од постарите генерации, кои, пак, немаат целосно развиена свест за тоа колку таквите коментари може да ги повредат.
Модата и естетиката на матурските забави се менувале со децении и ќе продолжат да се менуваат. Но, навредувањето на тинејџерите на социјалните медиуми за нивната матурска облека сигурно не е начин на кој возрасните треба да го изразуваат своето мислење.

