Џастин Бибер по долга пауза се јави со коментар

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џастин Бибер по долга пауза се јави со коментар

Џастин Бибер проговори по зголемената загриженост кај неговите обожаватели за неговото здравје и психичка состојба во последните месеци.

Пејачот, кој неодамна го прослави својот 31 роденден, објави емотивна објава на својата приказна на Инстаграм во која признава дека често се чувствува „како измамник“ и „не доволно добар“.

Со тоа тој дополнително ги подгреа дискусиите за неговата ментална борба, особено откако на социјалните мрежи кружеа фотографии на кои тој изгледа исцрпено и невообичаено обично, додека во една објава е виден како пуши бонг.

- Луѓето ми велеа цел живот: „Леле Џастин, ти го заслужуваш тоа!“. И јас лично секогаш се чувствував недостоен, како да сум измамник... Ме натера да се чувствувам како нешто да кријам. Би помислил: „По ѓаволите, само да ги знаеја моите мисли... Колку сум навистина осудувачки, колку сум себичен... Тие не би го кажале тоа“, напиша Џастин.

- Сето ова го кажувам за да кажам: Ако се чувствувате како нешто да криете, добредојде во клубот. Дефинитивно повеќето од деновите се чувствувам неподготвен и неадекватен  – додаде на крајот

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата