Ријана ненадејно откажа шест концерти во Лондон: Премногу е нервозна

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ријана ненадејно откажа шест концерти во Лондон: Премногу е нервозна

Наводно, пејачката требало да одржи серија настапи во јули кои ќе го одбележат нејзиното враќање на сцената. Таа, наводно, ги откажала настапите на таен состанок, на кој рекла дека мислела дека нејзините песни се уште не се готови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RIHANNA (@ririgalbadd)

Девет години без турнеја

"Ријана немаше турнеја повеќе од осум години, а плановите за враќање на сцената се во развој најмалку три години. Таа беше возбудена што ќе се врати на настапите бидејќи дефинитивно има побарувачка, но таа се уморува", изјави упатен извор.

„Сè уште не е вистинското време за тоа. Минатата недела таа неочекувано рече дека не сака да продолжи со концертите во јули според планираното“, додал изворот. Инаку, последната турнеја на Ријана се одржа во 2016 година. Таа го искористи и за промовирање на нејзиниот последен албум Анти, кој вклучува хитови како Work (дует со Дрејк) и Needed Me.

Најави нов албум

Да потсетиме, пејачката на крајот на февруари потврди дека работи на својот нов, деветти албум. "Сето ова време што не сум напишала песни мора да вреди да се слушаат. Тоа мора да биде важно. Морам да им покажам (на обожавателите) дека вредеше да се чека. Не можам да издадам ништо просечно. По чекањето осум години, можете да почекате уште малку", рече таа во интервју за Harper's Bazaar.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата