Првата дама на САД во улога на водителка на Греми наградите

7.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првата дама на САД во улога на водителка на Греми наградите

Сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, Џил му  ја врачи на Шервин Хаџипур – ирански пејач чија песна ги одбележа протестите во оваа земја.

Ирански пејач кој се соочува со можна затворска казна поради неговата песна која стана химна на тековните протести, се расплака откако виде дека освоил Греми. Шервин Хаџипур остана вчудовиден откако слушна дека Џил Бајден објавила дека  тој ја добил наградата за песната „Baraye“.

Џил Бајден рече дека песната „може да го обедини, инспирира и на крајот да го промени светот“. – Оваа песна стана протестна химна за Махса Амини, моќен и поетски повик за слобода и права на жените – рече Бајден, „Шервин беше уапсен, но оваа песна продолжува да одекнува низ светот со својата моќна тема: Жени, живот, слобода. “дополни Џил Бајден.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата