Пресврт во разводот Хју Џекмен- екс сопругата му бара половина од богатството

28.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт во разводот Хју Џекмен- екс сопругата  му бара половина од богатството

Мегапопуларниот актер Хју Џекмен би можел да се најде во нови проблеми за време на неговиот развод со Дебора-Ли Фурнес .

Имено, добро информиран извор за Дејли Мејл изјавил дека поранешната на Џекмен бара повеќе пари отколку што првично и биле понудени.

- Хју и Дебора-Ли допрва треба да поднесат барање за развод додека се борат да постигнат договор за поделба на имотот.

Дебора-Ли верува дека има право на повеќе пари отколку што Хју е спремен да и понуди - истакнал изворот, тврдејќи дека актерот одбива да го исполни ова барање.

Според извештаите, нејзиното барање за поголема сума било поттикнато од драмата со Сатон Фосте, со која Хју е во врска.

- Иако физички не ја изневерил со Сатон, Дебора-Ли верува дека имале емотивна врска и чувствува дека ја изневерил - објаснил изворот.

- Со значителна сума на пари во игра, Дебора-Ли е решена да го добие она што верува дека го заслужува од разводот. Против Хју го користи тоа што е се уште оженет и во паралелна врска со друга жена – заклучил изворот. Џекмен и Фернес беа во брак 27 години.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата