Поранешниот член на легендарните Битлси се качи на сцената за време на вториот концерт на 75-годишниот американски музичар во англискиот град како дел од турнејата „Земја на надежта и соништата“.
Спрингстин, долгогодишен обожавател на Битлси, се појави со Макартни за бис. Двајцата музичари се прегрнаа и го испеаја хитот на Битлси „I Saw Her Standing There“ и „Twist and Shout“.
Појавувањето на Макартни во неговиот роден град е прво од 2018 година, кога одржа концерт таму како дел од неговата турнеја, и прво појавување на стадионот „Енфилд“ од 2008 година, кога Ливерпул беше европска престолнина на културата.