Почина ТВ-ѕвезда од 1980-ите, Лони Андерсон

4.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина ТВ-ѕвезда од 1980-ите, Лони Андерсон

Таа имаше 79 години, а утре ќе го прославеше 80. роденден.

Лони Кеј Андерсон е родена на 5 август 1945 година во Сент Пол, Минесота, САД. Го завршила средното училиште „Александар Ремзи“ во Роузвил во 1963 година и завршила втора на изборот за „Мис Минесота“ во 1964 година, додека била студентка по уметност на Универзитетот во Минесота. До 2023 година, глумела во 65 проекти. Инаку, двократно номинираната за „Еми“ починала вчера напладне во болница Лос Анџелес од „акутна долготрајна болест“, објави публицистката Шерил Џ. Кејган. 

По природа, Лони имаше темна коса, иако многумина ја помнат како русокоса. - Обожавав да сум бринета, велеше таа. - Тоа е егзотично, луѓето не се сигурни од која националност сум - има мистерија. Кога глумев, можев да бидам лошата дама.

Откако се ожени со Берт Рејнолдс кон крајот на 80-ите, тие се појавија во неколку заеднички проекти. Но, Рејнолдс ѝ ги врачи документите за развод во јуни 1993. и почна јавно да ја обвинува дека го изневерила, велејќи дека е неспособна да го одгледува нивниот син, Квинтон, кого го посвоија неколку недели по неговото раѓање во 1988 година. Таа, пак, од своја страна, рече оти тој е оној кој имал друга жена и дека бил зависен од лекови против болки и дека ја злоупотребувал.

Рејнолдс ѝ бил трет сопруг. Во 2008. Лони се омажи за музичарот Боб Флик. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата