Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

По загубата на бебето Анастасија се повлече од јавноста: ИЗБРИШАН ИНСТАГРАМ-профилот на пејачката

30 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а тажната вест ја сподели нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ. Спортистот во објава на Инстаграм замоли за приватност и истакна дека не сакаат да даваат изјави на оваа тема, како и дека ова е многу болен момент за нив.

Во меѓувреме, Анастасија вчера го деактивираше својот Инстаграм-профил.

Решила да се повлече на одредено време од јавноста, сакајќи да го помине тешкиот период со Немања и со поддршка од најблиските.

Нејзината последна објава беше пред неколку дена, кога славеше роденден.

Анастасија потоа објави серија приказни, каде нејзините фанови направија видеа по повод нејзиниот роденден. Посебно ја трогна една снимка на која Ражнатовиќ е мало девојче.

Немања Гудељ потоа на својата сакана и приреди незаборавно изненадување. Имено, тој ја изненади Анастасија со торта на која е испишан бројот 25, а потоа со шарени балони и плишани играчки.

 

 

– Те сакам, напиша тогаш во описот на објавата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ