„Одисеја“ на Нолан досега од продажба на влезници заработил 264,1 милиони долари (ВИДЕО)

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Одисеја“ на Нолан досега од продажба на влезници заработил 264,1 милиони долари (ВИДЕО)

Филмот, адаптација на епот на Хомер во кој глуми Мет Дејмон како грчкиот херој Одисеј, го следи неговото опасно патување дома по Тројанската војна. Тоа е првиот филм на Нолан по блокбастерот од 2023 година „Опенхајмер“, кој освои Оскари во неколку категории, вклучувајќи ја и наградата за најдобар режисер и најдобар филм.

Снимањето чинеше 250 милиони долари

Снимањето на филмот „Одисеја“ чинеше 250 милиони долари. Филмот доби оценка А на CinemaScore од публиката што присуствуваше на премиерата, а 97 проценти од публиката дадоа позитивна оценка на Rotten Tomatoes.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата