Станува збор за обетки „Дајмонт каскејд“, изработени од дизајнерката на накит Маја Бренер. Тие се достапни во три варијанти на страницата на брендот. Може да се купи и само една обетка, и тоа чини 1.800 долари (1.730 евра).
Меган, инаку, и претходно носела накит од овој бренд - во 2017 година беше фотографирана како носи синџирче со буквите „Х“ и „M“. Бренер потоа, за списанието „Хело“ (Hello!), рече дека, наводно - „се плашела“ дека тоа ќе предизвика лавина од нарачки.
- Тоа е како машинерија во Лас Вегас... Ја повлекуваш рачката и сè почнува да се врти. Веќе можев да видам куп нарачки како пристигаат. Бев возбудена што таа го носеше мојот накит, но бев и претпазлива. Сè тоа го правиме рачно и знаев дека не можам да ги преземам сите тие нарачки бидејќи можеби нема да можам да ги исполнам, изјави дизајнерката.
Накитот на Маја Бренер е популарен меѓу завиден број познати личности. Дизајнерката има 163.000 следачи на својот профил на Инстаграм, па таа се фали со: Рита Ора, Синтија Бејли, Деми Мур, Клои Симс, Џенет Џексон и Синтија Ериво меѓу познатите имиња кои се нејзини купувачи и купувачки.