Видео: Раперката Доечи ги воодушеви модните вљубеници на Модната недела во Париз

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Раперката Доечи ги воодушеви модните вљубеници на Модната недела во Париз

Имено, таа привлече посебно внимание на ревијата на брендот „Скијапарели“ (Schiaparelli) на 6 март, па модните сладокусци ја коментираа нејзината впечатлива креација којашто одлично ги спои ретроелеганцијата и смелоста.

Музичарката со вистинско име Џејла Џимаја Хикмон одушеви голем број посетители и обожаватели со својот стил, истакнувајќи се во стилот на супермоделите од 80-тите и 90-тите. Доечи носеше фустан со длабоко У-деколте и висок шлиц, а лелеавиот бел материјал додаде лесен и софистициран изглед. Фустанот беше комплетиран со темен тексас-корсет којшто ја истакнуваше нејзината половина.

Доечи го заокружи својот изглед со брановидна фризура во стар холивудски стил, златен накит и впечатливи нокти, посочува порталот „Нау-дис“ (NowThis). 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата