Меган Фокс по четврти пат стана мајка

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меган Фокс по четврти пат стана мајка

Една од најубавите актери во Холивуд доби дете со нејзиниот поранешен вереник, раперот  „Machine Gun Kelly“,.

Гордиот татко ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.

Имено, тој објави видео на кое ја држи за рака новородената ќерка и напиша: "Конечно пристигна! Нашето мало рајско семе".

Познатата актерка веќе е мајка на три деца Ноа (11), Боди (9) и Џоуни (7), кои ги имаше со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин.

Кога станува збор за „Machine Gun Kelly“, пејачот ја има петнаесетгодишната ќерка Кејси, која ја имал со тогашната девојка Ема Кенон.

Интересно е и тоа што Меган ги подгреа гласините за бременоста минатата година, кога се појави со труднички стомак во спотот за песната „Lonely Road“ на Machine Gun Kelly и Jelly Roll.

Се испоставило дека за снимањето на спотот го користела таканаречениот лажен стомак, но набрзо забременила, а вчера го родила четвртото дете.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата