СТРАШНО

ЧОЛА му донесе ЗАКАНИ на градоначалникот на Дубровник: ЌЕ ТЕ ОБЕСИМЕ!

8. 01. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧОЛА му донесе ЗАКАНИ на градоначалникот на Дубровник: ЌЕ ТЕ ОБЕСИМЕ!

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ на социјалната мрежа Фејсбук објави заканувачко писмо кое го добил поради новогодишниот настап на Здравко Чолиќ.

Наведено е дека писмото го испратиле хрватските бранители Тигри и 4.а бригада на Хрватска.

„Честитка за добро утро од „бранителите“ кои немаа храброст да се потпишат“, напишал Франковиќ под објавеното писмо во кое јасно се читаат морбидните закани.

- Кога во 1991 година го браневме Дубровник од четници и Срби, а денес ги каниш на Страдун српските пејачи како Здравко Чолиќ и други...“, се вели во писмото.

- Последно предупредување дека ќе го изораме целиот Страдун со динамит, а тебе ќе те обесиме на јарбол на Страдун, се вели меѓу другото во писмото.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата