Бред Пит и Том Круз си паднаа во прегратка на премиера во Лондон (ФОТО)

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бред Пит и Том Круз си паднаа во прегратка на премиера во Лондон (ФОТО)

Пред да позираат на црвениот тепих, Бред му се приближи на Круз и го прегрна.

Нивните фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека вака изгледа пријателството што трае со години. Бред на премиерата беше придружуван од неговата девојка Инес Де Рамон.

Тие глумеа заедно во филмот „Интервју со вампирот“

Патем, Пит и Круз глумеа заедно во филмот Интервју со вампирот во режија на Нил Џордан, кој беше објавен во 1994 година. Актерите ги играа главните улоги во филмот. Заедно со нив двајца, значајна улога одигра и Антонио Бандерас, кој со таа улога привлече внимание и кон себе и кон тогаш непознатата Кирстен Данст. Филмот е базиран на истоимениот роман од авторката Ен Рајс.

Бред Пит е главната ѕвезда на филмот Ф1

Бред Пит е главната ѕвезда на Ф1: Филмот, кој треба да се појави во кината овој месец. Покрај него, глумат и Дамсон Идрис, Кери Кондон и Хавиер Бардем.

Станува збор за спортска драма, режирана од Џозеф Косински и напишана од Ерен Кругер, заснована на приказна што ја напишале заедно, а која го прикажува Светското првенство во Формула 1.

„Сони Хејс (Пит), возач на Формула 1 кој се тркал во 1990-тите, имал ужасна несреќа што го принудила да ја напушти Формула 1 и да почне да се трка во други дисциплини. Сопственикот и пријател на тимот на Формула 1, Рубен (Бардем), го контактирал Хејс и го замолил да се врати од пензија за да му биде ментор на почетникот Џошуа Ноа Пирс (Идрис) за тимот на Апекс Гран При“, е премисата на филмот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата