Прес-тимот на францускиот претседател Емануел Макрон е критикуван поради „неприфатливиот начин“ на кој се справиле со виралното видео на кое се гледа како француската прва дама Брижит Макрон се обидува да го удри својот сопруг откако слетале во Виетнам.
Шокантното видео ги прикажува вратите на авионот како се отвораат, откривајќи го Макрон пред неговата сопруга Брижит да успее да ги тргне двете раце од неговото лице. Во еден момент, таа дури и го турка.
ПР-тимот на Макрон беше бесен откако видеото, сосема предвидливо, стана вирално за кратко време. На почетокот тврдеа дека видеото е генерирано од вештачка интелигенција, но по неколку часа признаа дека видеото е вистинско.
Вработените во Елисејската палата продолжија да инсистираат дека претседателскиот пар не се скарал и дека тоа било шега и дека „се шегувале во момент на интимност“.
Сега сите се прашуваат зошто Брижит Макрон сè уште не проговорила и не се обидела да ги смири тензиите и да им објасни на сите што се случило.
„Зошто Брижит молчи, зошто сè уште не сме слушнале ништо од неа? За промена, мислам дека би било многу добро ако објасни што се случило“, рече познатиот француски новинар Жан-Клод Дасие.
Fransa Cumhurbaşanı Macron, Vietnam ziyareti sırasında eşinden tokat yedi.#FenerbahceBeko #Yenikapi Ali Asaf pic.twitter.com/RJTctqz6XD
— Örnek Haber (@OrnekHaber) May 26, 2025
Емануел и Брижит беа видени во Ханој по скандалот, рака под рака, како го обиколуваат Технолошкиот факултет.
Оваа турнеја дојде само неколку часа откако Емануел Макрон изјави дека „теоретичарите на заговор шпекулираат за неговиот брак“.
„Сопругата и јас само се шегувавме“, рече тој, додавајќи дека инцидентот е преувеличен.
„Стана еден вид геопланетарна катастрофа“, додаде тој.
Додаде дека и други видеа биле погрешно протолкувани, како оние на кои наводно се гледа како предава кеса кокаин или се соочува со турскиот претседател. Претседателскиот пар, во меѓувреме, отпатува заедно во Индонезија, каде што започнаа турнеја низ Југоисточна Азија.