Швајцарско село е срамнето со земја по уривањето на глечер, маж се води за исчезнат (ВИДЕО)

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарско село е срамнето со земја по уривањето на глечер, маж се води за исчезнат (ВИДЕО)

Иако селото беше евакуирано пред неколку дена поради страв од уривање на глечерот Бирч, едно лице е пријавено како исчезнато.

Многу домови беа срамнети со земја, а речиси целото село остана затрупано. 300 жители мораа да ги напуштат своите домови на 19 мај, откако геолозите што го следат подрачјето предупредија дека глечерот изгледа нестабилен. Некои од нив можеби никогаш нема да можат да се вратат.

Швајцарската влада вети дека ќе подготви финансиски средства за да им овозможи на жителите да се вратат, ако не во самото село, тогаш барем во околното подрачје. Сепак, Рафаел Мајораз, раководител на регионалната канцеларија за природни опасности, предупреди дека може да бидат потребни дополнителни евакуации во областите во близина на Блатен.

Глециолозите кои со години го следат топењето, предупредуваат дека некои алпски градови и села би можеле да бидат загрозени во иднина.

Најновиот извештај за состојбата на глечерите во Швајцарија сугерира дека сите тие би можеле да исчезнат во рок од еден век ако глобалните температури не се одржат во рамките на порастот од 1,5°C над прединдустриските нивоа, што беше договорено од речиси 200 земји како дел од Парискиот климатски договор пред една деценија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата