„Тајмс оф Израел“ го цитира министерот кој е дециден дека „Израел се залага само за сеопфатен договор за прекин на огнот и враќање на заложниците“.
-Веќе нема можност за делумен договор. Тоа не е на нашата агенда. Единствената тема е завршување на војната, се разбира, со враќање на сите заложници и демилитаризација на Појасот Газа, изјави Зохар за Канал 12.
Пред две недели, Хамас објави дека ќе прифати двомесечно примирје во кое ќе ослободи 10 од 48-те израелски заложници што ги држи живи во Газа.
Израелската влада не одговори на оваа понуда и продолжува со плановите за преземање на контролата врз градот Газа.