Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал разговор со специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, генерал Кит Келог, кој ја предводи американската делегација на Конференцијата за обнова на Украина што се одржува во Рим.
Според објавата на Зеленски на социјалната мрежа Икс, на средбата се разговарало за испорака на оружје, зајакнување на противвоздушната одбрана, набавка на американско оружје, како и за заедничко производство на вооружување.
„Поради зголемениот број руски напади, јакнењето на противвоздушната одбрана останува еден од нашите највисоки приоритети“, порача Зеленски. Тој додаде дека посебен акцент бил ставен и на заострувањето на санкциите против Русија, особено во енергетскиот сектор.