Кениската опозиција го повика претседателот Руто да поднесе оставка за повикот полицијата да пука во демонстрантите

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кениската опозиција го повика претседателот Руто да поднесе оставка за повикот полицијата да пука во демонстрантите

Пред два дена, Руто изјави дека нема да дозволи „анархија“ во мирните протести во Кенија и побара од полицијата да пука и да им „скрши нозе“ на оние што биле фатени како ограбуваат или им штетат на демонстрациите.

Денеска се изврши погребот на еден цивил кој на неодамнешните демонстрации беше убиен од полицаец, кој во него пукал од близинја.

Еден од опозициските лидери, Калонзо Мусјока, смета дека наредбата на претседателот е „неуставна“ и дека тој мора „или да поднесе оставка или да биде поведена постапка за импичмент“.

Во изминатите неколку недели Кенија беше зафатена од бранови протести, а организациите за човекови права ја повикуваат локалната полиција да покаже воздржаност.

Националната комисија за човекови права, кениска организација финансирана од државата, објави дека повеќе од 50 лица загинале во два големи протестни собири.

Проблемите започнаа по смртта на блогерот Алберт Оџванга во полициски притвор минатиот месец, за кого полицијата тврдеше дека самиот удрил со глава во ѕид од ќелијата, така што смртно настрадал, но таа верзија беше побиена од извештајот од обдукцијата.

Опозицијата во Кенија го повикува претседателот да поднесе оставка поради повиците полицијата да пука во демонстрантите

Тензиите дополнително се зголемија по полициското убиство на цивилот Бонифас Каријуки. Тој продавал маски за лице на демонстрациите против полициската бруталност на 17 јули кога очигледно бил нападнат од двајца полицајци. Додека се обидувал да им избега, еден од нив го застрелал во главата од близина. Вчера, полицаецот што пукал бил обвинет за убиство, а рочиштето за неговата жалба е закажано за 28 јули.

На денешниот погреб на Каријуки во областа Мурангам не беа видени униформирани полицајци, но полицијата сепак беше распоредена во близина за да ги растера демонстрациите. На погребот, покрај ковчегот беше поставена фотографија, која го долови моментот на убиството на починатиот. На погребот присуствуваа голем број млади луѓе, носејќи кениски знамиња, како и мајките на стотици млади луѓе убиени во протестите во минатата година.

Гувернерот на регионот Муранга, Ирунгу Кангата, рече дека локалните лидери ќе се погрижат правдата да биде задоволена за убиството на Каријуки.

„Владата мора да ја преземе одговорноста за убиството на Бонифас“, рече тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата