Зеленски потврди- Украина и Русија преговараат за размена на 1.200 заробеници

3.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски потврди- Украина и Русија преговараат за размена на 1.200 заробеници

Зеленски напиша на платформата Телеграм дека на списокот со имиња сè уште се работи. Руските преговарачи го споменаа бројот од 1.200 затвореници на 23 јули, за време на директните преговори со украинската страна во Истанбул.

По средбата со главниот украински преговарач Рустем Умеров, Зеленски рече дека размената ќе вклучува цивили, како и војници. Тој додаде дека се прават подготовки за нова средба со руската страна, без да прецизира кога би можела да се случи.

Кон крајот на јули, украинскиот претседател објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина, вкупно 5.857 лица се вратени во нивната татковина. Уште 555 лица беа ослободени независно од размените, пишува агенцијата ДПА.

Последната размена на затвореници се случи во јули, со што се заклучи планот договорен во Истанбул на крајот на јуни, во кој учествуваа 1.200 лица од двете страни.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата