Зеленски: Од украинска страна се ќе биде максимално подготвено за да се стави крај на војната

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Од украинска страна се ќе биде максимално подготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на неговата земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, и дека од украинската страна „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“.

-Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со Русите, рече Зеленски во неговото редовно вечерно видео обраќање до Украинците, пренесе Укринформ.

Тој рече дека е важно и земјите-партнери на Украина да го потврдат ова.

-И во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на Соединетите Американски Држави, да извршат притисок врз Русија, нагласи Зеленски.

Според него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната.

-Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим - Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на земјите-партнери. Очекуваме дека ќе бидат многу активни во наредните недели, додаде Зеленски.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата