„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според Законот RICO за поддршка на насилни протести и многу други работи низ САД“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Американскиот претседател додаде дека Сорос и „неговата група психопати“ предизвикале голема штета на САД, вклучувајќи ги и „лудите пријатели на Сорос на Западниот брег“,објави Ројтерс.
„Бидете внимателни, ве набљудуваме!“, нагласи Трамп.