Зеленски не се откажува: Украина нема да отстапи ниту еден дел од земјата, знамето е симбол на надеж за граѓаните

23.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски не се откажува: Украина нема да отстапи ниту еден дел од земјата, знамето е симбол на надеж за граѓаните

Тој нагласи дека знамето на Украина е симбол на надеж за граѓаните на привремено окупираните територии.

„Ова знаме е чувство на спасение за луѓето што ги враќаме од руско заробеништво. Кога ќе ги видат украинските бои, знаат дека злото е завршено. Ова знаме е цел и сон за многу наши луѓе под привремена окупација. Тие го чуваат, бидејќи знаат дека нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот“, рече Зеленски денес на церемонијата по повод Денот на националното знаме, според украинскиот УНИАН.

Украинскиот претседател нагласи дека сè повеќе земји се согласуваат дека трајниот мир и безбедноста за демократските нации можат да се обезбедат само заедно со Украина.

„Нека секој што придонел за зајакнување на украинските бои денес чуе зборови на благодарност. Им благодарам на сите што се борат за нашата држава и нашиот народ“, додаде Зеленски.

Денот на националното знаме на Украина се слави во Украина на 23 август, а според најраспространетото толкување, сината боја го претставува небото, а жолтата боја ги претставува златните полиња со жито.

Знамето на Украина официјално е усвоено во 1992 година. Во чест на празникот, украинските знамиња се креваат денес низ целата земја и во дијаспората, како знак на поддршка на украинскиот народ.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата