Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent).
По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“
Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.

