Врховниот суд на САД денеска ја потврди наредбата на судијата со која се бара од администрацијата на претседателот Доналд Трамп итно да им ги исплати средствата на меѓународните хуманитарни организации за претходно извршената работа за владата во Вашингтон.
Судот го отфрли барањето на Трамп за блокирање на наредбата на окружниот судија Амир Али, со кој беше поставен краен рок за исплата на средствата на изведувачите и примателите на грантови од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАД) и Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.
Американските хуманитарни организации побараа од Врховниот суд кон крајот на февруари да побара од администрацијата на Трамп веднаш да им плати за веќе завршената работа за владата, како што претходно нареди федерален судија.
Наредбата на Али првично ѝ даде на администрацијата рок до 26 февруари да исплати средства за меѓународните хуманитарни организации, за кои американската администрација рече дека изнесуваат речиси две милијарди долари, во илјадниците барања за исплата.
Претседателот на Врховниот суд на САД, Џон Робертс, ја паузирање наредбата на неколку часа пред крајниот рок. /МИА