Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија

- Со оглед на заканите за нашата слобода и мир на нашиот континент, правилото за нашата одбрана сега мора да биде да направиме се што е потребно, рече тој.

Мерц информира дека заедно со очекуваните коалициски партнери од левиот центар следната недела ќе ги претстави новите предлози во Парламентот.

Тој, исто така, ја истакна потребата од зголемување на трошоците за одбрана поради „неодамнешните одлуки на американската влада“, но не наведе детали, иако претходно го критикуваше односот кон украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

Тој рече дека Германија смета на САД да ги поддржат „заемните сојузнички обврски, но исто така знаеме дека ресурсите за нашата национална одбрана и одбраната на алијансата сега мора значително да се прошират“.

Мерц рече дека ќе стори „се што е потребно“ за да ги заштити слободата и мирот, повикувајќи се на ветувањето на поранешниот италијански премиер Марио Драги да го спаси еврото во 2012 година, кога тој беше претседател на Европската централна банка.

Би-би-си наведува дека во центарот на предлогот на Мерц е специјален фонд од 500 милијарди евра за помош на инфраструктурата на Германија, како и олеснување на строгите буџетски правила за да се овозможи инвестирање во одбраната./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата